Достапни линкови

Уште еден починат и 26 новозаразени од коронавирус во Македонија


Клиника за инфективни болести во Скопје

Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица, соопшти Министерството за здравство.

Според објавата на МЗ, утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, починал еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот бил дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома, соопшти МЗ.

Од Министерството информираат дека статистиката по градои дополнително ќе биде соопштена.

XS
SM
MD
LG