Достапни линкови

Западен Балкан може да увезува заштитна опрема од ЕУ


Заштитни маски и ракавици

Европската Комисија соопшти дека е донесена одлука рестрикциите за извоз на заштитни маски да не важат повеќе за земјите од Западен Балкан од 26 април, јави МИА од Брисел. Регулативата за посебни авторизации за извоз на заштитна опрема во рамките на борбата против коронавирусот донесена во март начелно ги изземаше само земјите вон ЕУ кои се членки на европската слободна трговска зона.

На одлуката ѝ претходеше иницијатива за изземање од рестрикциите на земјите од Западен Балкан, покрената од шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.

Сегашната регулатива истекува на 25 април, од следниот ден Западен Балкан ќе може да увезува заштитни маски без претходни дозволи, што би требало значајно да ги забрза процедурите, но испраќа и политички сигнал до регионот. Новата регулатива содржи измени и за типот на опрема за кој е потребна посебна авторизација. Од 26 април, за земјите вон ЕУ, ЕФТА и западниот Балкан, само заштитните маски ќе бидат предмет на посебни дозволи за извоз, одлучи Европската Комисија. Одлуката ќе биде повторно ревидирана триесет дена од нејзиното стапување на сила.

XS
SM
MD
LG