Достапни линкови

Турција - 7 починати и нови 293 заразени со коронавирус


Илустрација - Дезинфекција на верските објекти во Истанбул

Турскиот министер за здравство Фахретин Коца изјави дека од коронавирус починале седум луѓе и потврдени се уште 293 пациенти инфицирани со Ковид-19.

„Во изминатите 24 часа добивме резултати од 3.672 тестови на коронавирус. Потврдени се 293 нови случаи на зараза. И покрај напорите што ги вложуваме, болеста победи седум наши пациенти. Забавете го темпото на живот. Не се изложувајте на ризик. Не го носете ризикот дома. Останете дома. Животот може да престане и дома“, напиша Коца на Твитер.

Тој посебно ги предупреди младите луѓе да не мислат дека ќе бидат изземени од епидемијата. Во Турција досега од Ковид-19 инфицирани се вкупно 1.529 лица, а починаа 37.

XS
SM
MD
LG