Достапни линкови

Турција - Над 2.400 инфицирани, 59 починати


Бројот на починати од последиците од коронавирусот во Турција се исачи на 15 и сега изнесува 59, изјави министерот за здравство, Фахретин Коча.

Тој на Твитер објави дека бројот на инфицирани лица од Ковид-19 се зголемил за 561, што значи дека вкупно 2.433 лица се заразени со новиот коронавирус.

Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека „Турција ќе ја надмине епидемијата со коронавирусот за две до три недели преку добри мерки“.

XS
SM
MD
LG