Достапни линкови

Три нови случаи со коронавирус во Македонија


Заклучно со денешниот ден до пладне се потврдени три нови случаи на заболени со коронавирусот, информираше Министерството за здравство, со бројот на лица со КОВИД-19 во земјава изнесува 26 лица. Според МЗ, утрово биле тестирани 10 пациенти - позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив Институтот за јавно здравје направил контролни тестови, кои го потврдиле претходниот резултат.

Од Министерството за здраство информираат дека состојбата на сите пациенти е стабилна. Утрово бил одржан состанок со Комисијата за заразни болести, на која присуствувал и кризниот штаб на владата.

Повеќе информации за актуелната состојба со корона вирусот во земјава ќе следува на прес конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче, која е закажана за 14 часот во Владата.

XS
SM
MD
LG