Достапни линкови

Трамп одговори на критиките од епидемиологот Фаучи: Време е за отказ


Доналд Трамп и д-р Антонио Фаучи

Со ретвитната порака на Твитер - „Време е за отказ – FireFauci“ - американскиот претседател Доналд Трамп му одговори на главниот американски експерт за инфективни болести Антонио Фаучи, откако епидемиологот рече дека повеќе животи би можеле да се спасат од коронавирусот, доколку земјата беше затворена порано, пренесе АП.

Со ова Трамп ги отфрла критиките за „бавниот првичен одговор на пандемијата“. Во САД до сега од Ковид-19 починаа над 22 илјади лица и се заразени на 557 илјади.

Твитер објавата на Трамп е всушност „ретвит“ на дел од пораката на поранешниот републикански кандидат за Конгресот, ДеАн Лореин, во која, меѓу другото, пишува: „Фаучи сега вели дека Трамп би можело да спаси повеќе животи ако претходно слушал медицински професионалци, а истиот тој Фаучи им зборуваше на луѓето на 29 февруари дека не треба да се грижат за коронавирусот“.

XS
SM
MD
LG