Достапни линкови

Трамп и официјално републикански кандидат за претседател на САД


Американскиот претседател Доналд Трамп го премина прагот на потребни делегати за да биде прогласен за победник во внатрепартиската претседателска трка на Републиканците, што беше само формалност во неговата кампања и со тоа и официјално е републикаснки кандидат за претседател на САД, пренесе АП.

„Честитки до Доналд Трамп кој е републикански кандидат за претседателските избори. Флорида му ги даде делегатите што му беа потребни. Нашата партија е единствена, нашите поддржувачи се полни со енергија и ние сме подготвени за уште четири години“, соопшти на Твитер, лидерката на Републиканскиот национален одобор, Рона Мекданиел.

Доналд Трамп, кој ќе бара втор мандат на изборите на 3 ноември, никогаш не се најде во опасност од републикански противник, иако уште тројца други влегоа во трката.

Кај Демократите, пак, синоќа поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, извојува убедлива победа во номинацијата за претседателски кандидат на демократите во Флорида, Илиноис и Аризона, пред сенаторот од Вермонт Берни Сандерс.

XS
SM
MD
LG