Достапни линкови

Терористички напад во Мали, најмалку 29 загинати


Илустрација

Најмалку 29 луѓе синоќа загинаа откако бунтовниците нападнаа воен камп во североисточниот дел на Мали, пренесе АП. Најмалку двајца од загинатите се војници

„Кампот на армијата на Мали во местото Таркинт, градот Гао, беше мета на терористички напад. Во нападот убиени се 29, а повредени се пет лица“, соопшти армијата.

Претседателот на Мали, Ибрахим Баубацар Кеита изрази подготвеност за преговори со бунтовничките групи, со цел да се изнајде решение за безбедносната криза.

XS
SM
MD
LG