Тајландски град на макаки
Градот Лопбури во Тајланд има неконтролирано население на макаки мајмуни. Последната кампања за стерилизација била спроведена пред три години, но оттогаш двојно е зголемен бројот на макаките. Околу 6 илјади живеат во близина на храмот, а новите власти се обидуваат да ја вратат контролата со стерилизација на 500 мајмуни. Локалците секојдневно се во конфликт со макаките, кои го расфрлаат ѓубрето, влегуваат во продавници, во домови...