Достапни линкови

Студентски визии за скопско Дебар Маало

Урбанистички визии и решенија за преобликување на скопската населба Дебар Маало понудија 50 студенти од Архитектонскиот факултет Скопје. Своите идеи тие ги презентираа вчера пред Општината Центар. Тие имаат опфатено 15 локации во Дебар Маало, а според нивните визии ќе се ослободи јавниот простор за подобар квалитет на секојдневното живеење со зеленило. Нивните макети и идеи ќе останат и следните денови пред Општината.
Презентацијата е во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај, реагирај“, што ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада.


Категории

XS
SM
MD
LG