Настаните на денот низ фотографии - 3 декември 2019 година.
1МАКЕДОНИЈА / ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Во Лондон почна самитот на НАТО по повод 70 годишнината од формирањето на овој најголем воен сојуз во светот. Во македонската делегација се Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Никола Димитров. Во завршната декларација од Самитот предвидено е во посебен параграф да биде забележано дека земјата е добродојдена како 30-та членка.
2МАКЕДОНИЈА - Првообвинетиот во случајот Рекет, Бојан Јовановски - Боки 13 и второобвинетата Катица Јанева не се чувствуваат виновни за делата за кои ги товарат. Тие на првото рочиште за случајот рекоа дека не се виновни. Третообвинетиот, Зоран Милески - Кичеец го призна делото. Рече дека доброволно признал и дека не се консултирал со никој за да даде признание.
3МАКЕДОНИЈА - Владата го усвои мислењето на Министерството за правда да се прифати иницијативата за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување. Ставот на Владата е дека поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов немал право да помилува.
4МАКЕДОНИЈА - Сè што направив во СЈО ќе биде основа за изучување на идните генерации. Во изминатите четири години се изложува себе си и мојата фамилија на голем ризик. Сè уште одам со крената глава, изјави Катица Јанева на првото судење за Рекет.