Достапни линкови

Стопанската комора на Македонија формира Кризен штаб


Бранко Азески, претседател на СКМ

Поради последиците од состојбата со коронавирусот во Македонија, Стопанската комора на Македонија формираше Кризен штаб, соопшти претседателот на Комората, Бранко Азески, во обраѓање до членките.

„По реализирани интензивни контакти со компаниите, со претставниците на власта и со економските експерти изминатата недела, одлучив да формирам Кризен штаб во рамките на Комората. Останува функционирањето на службите на СКМ врз основа на мојата наредба издадена истиот ден кога е и прогласена вонредната состојба. Тоа значи дека од денеска преминуваме на работа во вонредни околности на сите нивоа. Одлуката ја донесов од неколку причини. Прво, од сите разговори, сосема ми е јасно дека здравствено-економската криза ќе потрае најмалку уште неколку месеци, за што имав консултации и со нашите пријатели во Европа, меѓу најголемите светски производители и структури во Коморскиот инвестициски форум. Второ, сосема е јасно дека Владата, која посветено работи на решавање на кризата, во најголем дел е потпрена на нашите ресурси. Трето, состојбата кај вас, членките, е таква што тоа бара од нас 24-часовен ангажман. На средба во Владата на највисоко ниво, договоривме дека ќе бидат назначени и неколку лица од Владата, на кои ќе можеме да им се обратиме деноноќно за информации поврзани со решавање на проблемите“, вели Азески.

XS
SM
MD
LG