Достапни линкови

Србија - Нов полициски час од сабота во 13 до понеделник до 5 часот


Шефот на српската држава, Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека од сабота во 13 часот до понеделник до 5 часот наутро ќе биде забрането движењето на територија на цела Србија, освен за пензионерите кои ќе можат во недела од 04 до 07 часот да излезат да купат намирници.

Според него, во Србија во наредните 74 часа се очекува забрзување на бројот на заболени од вирусот, како и бројот на починати, имајќи предвид дека 81 лице се наоѓа на респиратори, додека како жаришта на епидемијата ги означи Белград, Чачак, Чуприја и Ваљево, јави МИА од Белград.

XS
SM
MD
LG