Достапни линкови

Србија ѝ забрани на „Монтенегро ерлајнс“ да слетува во Белград


Илустрација - Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград

По реакциите во Србија на одлуката на црногорските власти за неотварање на границата со Србија и најавите на српскиот државен врв дека нема да воведе реципрочни мерки, денес Директоратот на цивилното воздухпловство на Србија го суспендираше правото на црногорската националан авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ да слетува на белградскиот аеродром Никола Тесла, јави МИА од Белград.

Од Подгорица порачуваат дека нема основ за реципроцитет кон Србија, српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, изјави дека забраната за Монтенегро ерлајнс не е политичка одлука.

„Ова нема никаква врска со политичка одлука. Ако нашата авиокомпанија не може да лета таму, секако треба да се воведат реципрочни мерки“, изјави Дачиќ на ТВ Прва, додавајќи дека реципрочни мерки би биле доколку Србија им го забрани влезот на црногорските државјани, пренесе МИА.

Тој оцени дека би сакал ваквата ситуација да остане со црногорската граница – „за да нашиот народ малку се опамети“.

XS
SM
MD
LG