Достапни линкови

Србија поставува „зелени коридори“ и на границата со Македонија


Илустрација - Граничен премин на македонско-српската граница

Србија од денеска почнува со примена на системот на „зелени коридори“ на одредени гранични премини, меѓу кои и со Северна Македонија, во рамките на ЦЕФТА регионот, а кога ќе се исполнат пропишаните технички услови, во овој систем ќе бидат вклучени и други премини.

Како што сопштија од Стопанската комора на Србија (ПКС), системот на зелени коридори е воспоставен за олеснување на сообраќајот и трговијата со стоки во регионот, во услови на значително успорен транспорт заради дополнителни мерки за заштита на границите и населението од пандемијата со Ковид 19.

Зелените коридори претставуваат систем на гранични премини под посебен режим, на кои ќе се забрзаат царинските и други процедури. Граничните премини во овој режим отворени се 24 часа на ден, седум дена во неделата, а во Србија во овој режим ќе работат премините на Прешево, Сремска Рача, Гостун и Мердаре.

Приоритет во „зелените коридори“ ќе имаат приоритет пратките со храна и медицинска опрема.

XS
SM
MD
LG