Достапни линкови

Спортот ги надминува поделбите или сепак не?


Стојанче Стоилов со пехарот за Европски шамион
Стојанче Стоилов со пехарот за Европски шамион

И при прославувањето на европската шампионска титула на ракометарите на Вардар во коментарите се вмешува политика. Читателите коментираат и за две години нова влада и до каде се ветувањата, како и за неделното интервју со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски.

Обично велиме дека спортот ги обединува луѓето и ги надминува поделбите, но судејќи според коментарите на нашата ФБ страница нашите граѓани се среќни – да, за шампионската титула на ракометарите на Вардар, но за разлика од порано сепак мешаат политика, поточно, го искажуваат противењето за новото уставно име на државава - со фотографии на знамето со сонцето од Вергина, со натписи дека „мојата земја е Република Македонија“, како што постирал Горги Горгиевски, на пример. Има постови и со искрени честитки за шампионите, но на потпишана со Даде Џозефин ѝ пречи „парадата по улиците, немам ништо против, ама дома нека си слават“. Омер Нур напишал: „Браво Северна Македонија!“

Скопје ја слави европската титула на Вардар
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:58 0:00

„Криминалново здружение ДПМНЕ ќе кажува за розеви очила? Тие што 11 години го стрижеа народот?“ – коментира Кире Велјановски по соопштението на опозициската партија по повод двегодишнината од владата на Зоран Заев, во кое се критикува владината политика во речиси сите области од животот. Јовица Џалевски, пак, постирал: „Абе вие имате црни, не розеви очила.... Кај бевте да му кажете на побегулјата ваша дека не е сè розово во Мкд...“ Лидија Пренџова потсетува: „Да не оставевте толку финансиски дупки и долгови за кредити потрошени за барок и споменици, а ви ги враќа оваа влада, ќе беше уште порозово...“ Јошевски Јосиф иронично коментира: „А вие саде успеси редевте....“ На одбележувањето две години нова Влада, премиерот Заев изјави дека граѓаните чекаат Европа да ја исполни својата задача, а Крис Ланговски коментирал: „Граѓаните од тебе чекаат, ти им обеќа, не Европа“. За Душко Влачески премиерот мами, а Блерим Селмани му порачува: „Со тие криминалци од ДУИ што ги имаш во владата, заборави на Европа“.

Во неделното интервју на РСЕ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, покрај другото кажува дека власта го замислува помирувањето на начин што сакала да „испреговара со неговата партија за амнестија на Зоран Заев и неговото семејство“ за криминалите што наводно ги направиле во изминатиот период, а Ордана Николова коментирала: „Се слуша ли човекот. А, бре, без власт било тешко и забегано“, а Ибро Муратагиќ вели: „Само за себе зборува несудениот амбасадор кој од суета се изобличува и само сее омраза“. Љупчо Јоксимовски му се обраќа нему и на партијата: „Абе, ВМРО, бар до толку памтиме...“ Зоран Димитриевски со лекција: „Помирувањето треба да го разбереме и прифатиме како процес за доброто на сите, вашиот услов и намера за простување на криминалот на сопартијците не можат и не смеат да бидат услов и критериум и за сегашни и идни криминогени постапки и однесување...“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG