Достапни линкови

Спасовски: Дебар и Центар Жупа се пример за почитување на мерките


Оливер Спасовски, Бујар Османи и Наќе Чулев во Дебар, еден ден по укинувањето на кризната состојба

Еден ден по укинувањето на кризната состојба, премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, ги посетија општините Дебар и Центар Жупа, изразија сочувство до семејствата на почиатите и ги пофалија жителите да двете општини дека биле добрап пример за почитување на вонредните мерки за заштита.

Како што јави нашиот дописник од Дебар, позитивни критики за работата во пандемијата добиле и градоначалниците и Кризните штабови.

„Владата има соодветни мерки за справување со коронавирусот како во овие две општини така и на целата територија во земјава“, рече Спасовски и додаде дека треба да се почитуваат мерките на владата како и потребната социјална дистанца.

Заменикот премиер Бујар Османи истакна дека Владата имала постојани контакти со градоначалниците и со кризните штабови и дека владините програми во оваа состојба ќе поомогнат на стопанството во целина .

„Владата има огромно значење во подршката што ни ја даде за време на целиот месец, така што состојбата видно е смирена“, рече градоначалникот на оппштина Центар Жупа, Арјан Ибраим .

XS
SM
MD
LG