Достапни линкови

Спасовски: Во НАТО за поголема безбедност и политичка и економска стабилност


Сите достигнувања на планот на остварување на нашето членство во НАТО и на нашиот пат за членство во ЕУ, ја направи нашата земја сигурен, доверлив партнер на сите наши сојузници. Овој генерациски успех на нашата земја ја поттикна и ЕУ да ја поправи својата грешка во однос на нашето отпочнување на преговорите за членство, рече денеска премиерот Оливер Спасовски на онлајн дискусијата „Глобалните закани и ризици и македонското членство во НАТО”, во организација на Факултетот за безбедност и Амбасадата на САД во Северна Македонија.

„Со зачленување во НАТО и со отворените преговори за членство во ЕУ, по принципот на еднаков меѓу еднаквите и принципот на солидарност сите за еден – еден за сите, се стекнавме со можност за влијание и еднакво право во носење на одлуките во оваа организации. Економскиот раст зависи во голема мера од способноста на земјата да обезбеди одржлив мир и стабилност, односно долгорочната безбедност и политичка стабилност. Членството во НАТО обезбедува поголема безбедност што ја подобрува можноста на земјата да обезбеди политичка и економската стабилност. Преговорите со ЕУ се одобрени и за сите нас дома тоа е поттик уште посилно да ги продолжиме нашите реформи и да си ја направиме земјата уште поубаво место за живеење“, рече Спасовски.

XS
SM
MD
LG