Достапни линкови

Со средношколски бојкот на наставата против загадувањето


М'рш на загадувањето - Плакат за протестот против загадувањето на 20.12.2019, протест на кој ќе се придружат и средношколците кои најавија бојкот на наставата.

Поголем број средношколци, преку социјалните мрежи, најавуваат бојкот на наставата во сите средни училишта, во знак на протест против високото ниво на загаденост на воздухот. Со ова, како што велат, тие се приклучуваат на протестот против загадувањето закажан за 20 декември.

„Средношколци, родители, професори, секоја наредна година, секој нареден ден, станува се полошо. Ние, средношколците, сме крајно изреволтирани од непреземањето ништо, лежерноста на власта и немањето идеја како да се реши овој најголем проблем. Затоа, во петок, на 20.12.2019. ние, средношколците, нема да присуствуваме на настава во сите средни училишта“, стои во најавата за бојкотот на наставата, објавена на официјалната фејсбук страница на организацијата „Средношколски глас“.

Целта на власта и на сите општествени фактори, стои во објавата на средношколците, е да се фокусираат на овој проблем.

„По бојкотот на наставата ќе се приклучиме на Зелениот фронт и нивните барања, кои се единствено решение за оваа неподнослива ситуација. За нашите животи се работи“, се вели во најавата за бојкотот, објавена од „Средношколски глас“.

XS
SM
MD
LG