Достапни линкови

Скопје филм фестивал со 23-то издание

Започна дваесет и третото издание на Скопје филм фестивал, кое поради пандемијата од коронавирусот беше преместен од април. Фестивалот се одржува на отворено во паркот на Кинотека со ограничен број седишта и со примена на мерките за здравствена заштита. Проекциите се бесплатни, со ограничен број на посетителите.
Фестивалската програма беше отворен со австралиско британскиот филм „Вистинската историја на бандата Кели“, прокција на „Џулиета од духовите“, првиот филм од ретроспективата по повод 100 години од раѓањето на Федерико Фелини и изложба на Зоран Кардула. До 16 септември бидат прикажани над 20 играни и документарни филмови поделени во три категории.

XS
SM
MD
LG