Достапни линкови

Сијарто: Работиме најдоцна во јуни да ги почнете преговорите со ЕУ


И честитам на Македонија што минатата недела доби согласност за започнување на преговорите со ЕУ и што станавте 30-та членка на НАТО, изјави денеска во Скопје, шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто. Тој информираше дека се работи на најбрзо можно решение за затворање на преговарачката рамка за Северна Македонија и ЕУ.

„Ние во Европскиот совет ќе се обидеме да издејствуваме најдоцна до мај да ја затвориме рамката за преговорите и најдоцна во јуни да започнеме со самите преговори. Ние многу добро знаеме колку е важно на Западниот Балкан да владее мир и меѓусебна соработка и овие работи не приближуваат кон тоа“, рече Сијарто по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Сијарто денеска допатува во Скопје со помош од Унгарија за Северна Македонија во борбата со епидемијата на коронавирус.

XS
SM
MD
LG