Достапни линкови

СЗО го разгледува извештајот за нови препораки за Ковид-19


Илустрација

Светска здравствена организација го разгледува извештајот на околу 300 научници, кои бараат нови препораки за заштита од новиот коронавирус. Во отворено писмо, бјавено вчера во списанието „Клинички инфективни болести“, 239 научници од 32 држави, изнесуваат докази дека новиот коронавирус може да помине долго растојание, а малите честици се задржуваат во воздухот, поради што бараат нови препораки од СЗО.

„Знаеме за истражувањето и го разгледуваме со експертите“, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јасаревик.

Се уште не е познато колкава е зачестеноста на ширењето на Ковид-19 со помали аеросоли во споредба со поголемите капки.

XS
SM
MD
LG