Достапни линкови

СЗО го подигна нивото на закана од коронавирусот на високо


Луѓе носат заштитни маски на Железничката станица во Пекинг на 21 јануари 2020

Светската здравствена организација(СЗО) денеска ја измени својата проценка на заканата од новиот коронавирус во Кина на меѓународно ниво, оценувајќи ја како „висока“, а не како „умерена“, како што беше досега, поради, како што се наведува, „грешка во формулацијата“.

СЗО досега оценуваше дека ризикот од вирусот е „многу голем во Кина, голем на регионално ниво и умерен на меѓународно ниво“.

„Се работеше за грешка во формулацијата и ние ја исправивме“, изјави портпаролот на организацијата за Франс прес.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, денеска допатува во Кина на состаноци со државните претставници и здравствените експерти кои се обидуваат да го запрат ширењето на вирусот од кој досега во Кина починаа 81 луѓе, а 2750 се заразени.

Минатата недела СЗО одлучи да не прогласи глобална здравствена вонредна состојба, наведувајќи дека Кина презема многу силни мерки, вклучувајќи изолација на големите градови, каде што живеат околу 50 милиони луѓе, кои, како што се надеваат, ќе бидат ефикасни во запирањето на вирусот.

Тедрос рече дека нема да се колеба повторно да свика вонреден состанок за проценка на ситуација, доколку состојбата во Кина се промени.

XS
SM
MD
LG