Достапни линкови

Се урна зграда во Камбоџа додека бетонирале плоча, седуммина загинати


Спасувачите трагаат по преживеани под урнатините на зградата во Камбоџа

Спасувачките тимови во Камбоџа пронајдоа уште две тела во урнатините на седумкатницата во провинцијата Кеп, со што бројот на загинати се искачи на седум, а има и 18 повредени, соопштија тамошните власти.

Зградата, која била во изградба, се урна вчера, додека во неа имало работници.

Зградата се урнала додека работниците ја бетонирале горната плоча, изјави заменик шефот на полицијата Нгоун Самет. Сопствениците на имотот, кои ги ангажирале работниците, се приведени на испитување.

Премиерот Хун Сен на Фејсбук објави дека ја посетил провинцијата Кеп за „да раководи со спасувачкиот тим“. Тој ја посетил и болницата каде што се однесени повредените работници.

Се уште се истражуваат причините за несреќата.

XS
SM
MD
LG