Достапни линкови

„СЕГА“: Над 70 насто од младите се соочуваат со предизвици


Младите, односно 76 насто од нив, се соочуваат со економски, географски, социјални и здравствени предизвици, заклучија од Коалицијата за младински организации „СЕГА“ по спроведената онлајн анкета.

Поточно, 46 проценти одговориле дека имаат економоски предизвици како на пример ниски плати, долгови, но и недостапност до институции, инфраструктура, рурална и проблематична урбана средина. Дополнително, 24 отсто одговориле дека имаат социјални предизвици, односно комуникација со заедницата и врсници, дискриминација и семејство во ризик.

Над 55 отсто од анкетираните млади биле дискриминирани по еден или повеќе основи. Дискриминирани по пол биле 44 отсто, а заради социјалниот статус или возраста дискриминација доживеале 37 отсто. На прашањето кои европски вредности ги споделуваат младите, 75,5 отсто ја истакнале слободата на изразување, 75 отсто слободата на собирање и здружување и 62,5 отсто вредностите за слобода на мислење, совест и вера.

Овие резултати тие ги објавија на панел дискусијата „Младите и европските вредности“. Таму препорачаа државата постојано да ги подобрува можностите кои се достапни на младите за практикување на европските вредности, младите да се вклучат во поактивно креирање на политиките што се однесуваат директно на нив, како и да им се даде можност да придонесуваат посистематски кон сите општествени процеси.

XS
SM
MD
LG