Достапни линкови

Светлосни инсталации низ Скопје

Вчера започна третото издание на Меѓународниот фестивал на светлосната уметност Skopje Light Art District.
Почитувајќи ги мерките од надлежните институции и следејќи ја зелената патека, на однапред утврдени 18 локации, од плоштадот „Македонија“, преку кејот на реката Вардар, до Градскиот парк, посетителите ги видоа уметничките дела и перформансите кои како главен медиум ја користат светлината. Оваа година фестивалот испраќа порака за зачувување и одржување на здравата и чиста животна средина.
Третото издание на Mеѓународниот фестивал на светлосната уметност е во организација на Универзална Сала и Град Скопје, со поддршка на Делегацијата на Европската унија и Францускиот институт во Скопје. Фестивалот ќе трае до 22 август.

Категории

XS
SM
MD
LG