Достапни линкови

САД и Кина војуваат трговски, Хари Потер паскапува


Издавачката куќа „Блумсбури паблишинг“ стана колатерална жртва на трговската војна меѓу САД и Кина, објавија Би-Би-Си и дел од американските медиуми. Директорот на компанијата, Најџел Њутон, изјави дека книгите кои се печатени во Кина, во САД преку ноќ поскапеле 15 отсто уште на 1 септември поради таксите што си ги воведоа земјите една на друга.

„Тоа е трошок што не го предвидовме, но се надеваме дека тоа нема да го забави нашето напредување“, рече Њутон.

Компанијата се надева дека царинските такси ќе имаат мало влијание на тековната финансиска година и најави дека ќе најде начин да ги ублажи нивните последици во иднина.

Таксите најпрвин беа воведени за производи како што се автомобилите, храната и облеката, но многумина не ни претпоставуваа дека и книгите ќе се најдат на удар.

Од издавачката куќа исто така напоменуваат дека книгите се печатени во Кина зошто квалитетот е одличен, а цените ниски. Овој месец „Блумсбури“ меѓу останатото објави и илустрирана верзија на книгата „Хари Потер и Огнениот пехар“, а на Американците поевтино им е да ја купат од Кина.

XS
SM
MD
LG