Достапни линкови

Р. Р. Мартин не попушти: Крајот на „Игра на престоли“ нема да се смени


Сакам да напишам книга што отсекогаш сум имал намера да ја напишам. А кога ќе се објави, фановите може да ја сакаат или да не ја сакаат, вели Мартин.

И покрај бројните негативни реакции на фановите поради финалето на серијата „Игра на престоли“, писателот Џорџ Р. Р. Мартин порача дека нема ништо да менува во следните негови книги од серијалот „Песна за оган и мраз“, според кој беше направено сценариото и снимена серијата, објавија западните медиуми.

„Одеднаш заплетот што си го создавал е на интернет. И со тоа постои искушението да го променам. Но, тоа е погрешно. Бидејќи си планирал одреден крај и ако одеднаш ја промениш насоката само затоа што некој ја открил или затоа што не ти се допаѓа, тогаш е уништена цела структура“, реагираше писателот.

Мартин вели дека не ги чита веб-страниците на фановитена „Игра на престоли“ и на неговите книги.

„Сакам да напишам книга што отсекогаш сум имал намера да ја напишам. А кога ќе се објави, фановите може да ја сакаат или да не ја сакаат“, вели тој.

Неофицијалните проценки се дека по завршувањето на последната сезона од мегапопуларната серија „Игра на престоли“, коментарите и барањата да се промени крајот на сријата се мереле во милиони.

XS
SM
MD
LG