Достапни линкови

Русија протера Јапонец поради обид за собирање „класифицирани информации“


Илустрација: Тактичка вежба на руската тихоокеанска флота во Владивосток

Москва протера еден Јапонец поради обид за собирање класифицирани информации“, информира руското МНР. Според Министерството, неидентификуваниот јапонски државјанин, кој влегол во Русија со новинарска виза, бил приведен на 25 декември, додека се обидувал да добие податоци за рускиот воен потенцијал на Далечниот Исток. Министерството соопшти дека човекот бил предупреден за „неприфатливоста на неговите постапки“, му било наредено да ја напушти земјата и заминал од Русија наредниот ден.

Министерството исто така му врачило протестна нота на јапонски дипломат.

Соопштението во Русија е објавено еден ден откако јапонската полиција уапси поранешен вработен во јапонскиот телекомуникациски и енергетски гигант Софтбанк, за наводна кражба на комерцијални информации од компанијата кои им ги предал на руски претставници. Полицијата се сомнева дека руските трговски претставници во мисијата на Москва во Токио биле вклучени во шпионажа, објавија тамошните медиуми. Руската амбасада ги оцени медиумските написи како „жални“ и „евтини шпионски обвинувања“.

XS
SM
MD
LG