Достапни линкови

Рочиштето за „Рекет“ одложено, Јанева во ризична група пациенти


Илустрација - Катица Јанева на едно од претходните рочишта за „Рекет“

Денешното рочиште за случајот „Рекет“ е одложено на барање на адвокатите на обвинетата Катица Јанев. Нејзините бранители, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, во барањето за одложување до судот навеле дека Јанева има хронична болест и спаѓа во онаа група за која Владата поради коронавирусот препорача седење дома.

Наредното судење е закажано за в четврток, кога треба да сведочат обвинителите на СЈО на предлог на Јанева. На претходното рочиште, Јанева, како сведоци на одбраната, ги предложи речиси сите обвинители од поранешното СЈО.

XS
SM
MD
LG