Достапни линкови

Рекет во медиумскиот фокус на неделата


Катица Јанева на распит за „Рекет“ во Јавно обвинителство

Што може да го понесе атрибутот „Фокус на неделата“ освен настаните поврзани токму со криминалната афера „Рекет“?

Весниците, порталите, телевизиите се преполни со вести за проширувањето на истрагата на Обвинителството и на пратеничката Фросина Ременски и на уште четворица инволвирани во дејанијата на Бојан Јовановски и неговиот Меѓународен сојуз. „Фросина Ременски е осомничениот функционер во ’Рекет‘“ пишува порталот Плусинфо. Слободен печат има неколку информации: „Обвинителството отвори нова истрага во криминалната афера – И пратеничката Ременски меѓу осомничените?“, „Ременски на распит во суд за ’Рекет‘ – според обвинителката Вилма Русковска Обвинителството за Ременски ќе побара да ѝ биде одземен пасошот, да не смее да ја напушти државата и еднаш неделно да се јавува во суд“.

Ременски бара да се почитува презумцијата на невиност
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Вечер над десетина фотографии на познати лица од политиката и од бизнисот, во средината со фотографија на премиерот Зоран Заев објави наслов: „Сега е јасно: ИМА ПОЛИТИЧАРИ во Рекет, кој изјавил поинаку не зборувал вистина“. И порталот Република објави дека истрагата за аферата е проширена: „Новите лица осомничени во ’Рекет‘ повикани во Кривичниот суд“. Порталот Курир потсетува и прашува: „Дали Ременски ќе си поднесе оставка.како пратеникот Павле Боегоевски?“ Во рубриката „Поврзани вести“ Курир објавува и неколку изјави на Ременски од пред неколку месеци за Уставот, за поранешниот претседател Иванов, потоа што содржи нејзиниот имотен лист и тн. Курир објавува и што изјавила Ременски на распитот: „Ременски бега од одговорност: Не си давам оставка од потпретседател на Собранието, тоа не е партиска функција“.

Независен на насловната го цитира премиерот: „Заев најави ’времено отстранување‘ на Ременски“ за да имала време да ја докаже својата невиност. И Плусинфо со истата изјава на премиерот Заев: „Ќе ја отстраниме Ременски од функциите во Партијата“, како и нејзината изјава пред новинарите по распитот во судот: „Не чувствувам вина!“, и дека нема намера да поднесе оставка од функциите сè додека не се докажела нејзината вина. Порталот Република објавува објаснување на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски на трибината „На прав пат“ во Кочани: „Прво обвинение за Ременски, па потоа соодветна постапка во Партијата“.


Како за крај, веста што ја објави порталот СДК.МК: „Тврдам дека документи не протекуваат од Обвинителството, сликани се копии, а такви им пративме на судовите“, ја цитира порталот обвинителката Вилма Русковска во врска со неодамнешното појавување на првата страница од исказот на Орце Камчев даден во Обвинителството.„“

XS
SM
MD
LG