Достапни линкови

Редуциран возен ред на ЈСП поради коронавирусот


Од утре, четврток (12.03.2020 год) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по редуциран возен ред, идентичен на возниот ред кој важи за време на зимски, односно летен училиштен распуст. Комплетниот преглед на возниот ред може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.

Редуцираниот возен ред е согласно актуелната состојба со коронавирусот, намалениот број на корисници на јавниот превоз и една од мерките, препораки за превенција од ширење на вирусот. Извесно е дека редуцираниот возен ред ќе важи во наредните две недели, односно до наредните препораки од надлежните институции. ЈСП Скопје апелира до граѓаните за рационално користење на јавниот превоз, а истовремено потсетуваат дека сите возила на ЈСП Скопје уште од пред десетина дена се подложни на дополнителен третман на дезинфекција.

XS
SM
MD
LG