Достапни линкови

Рама - Канцеларката Меркел го поддржува балканскиот „мини Шенген“


Германската канцеларка Ангела Меркел и албанскиот премиер Еди Рама

Германската канцеларка Ангела Меркел го поддржува балканскиот „мини Шенген“ и е убедена дека тој процес ќе наиде на поголема поддршка, рече албанскиот премиер Еди Рама денеска по средбата со канцеларката.

Рама за албанскиот Топ Чанел изјави дека Меркел ја смета таа иницијатива за многу важна, како и фактот дека три држави се приклучиле кон неа за да биде сеопфатна и дека се очекува да и се придружат и други земји од регионот.

„Иницијативата не е ништо друго освен спроведување на нешто што е веќе договорено за време на берлинскиот процес, за што канцеларката го охрабрува и е многу заинтересирана“, рече Рама.

Тој додава дека оваа иницијатива всушност претставува слободно движење на луѓе меѓу Албанија и Косово.

„За жал, тие не сакаат да го разберат ова во Приштина, и ја претвораат оваа тема во полемика за тоа кој е предавник а кој е патриот“, рече Рама, додавајќи дека процесот ќе продолжи со поддршка на ЕУ, Германија и САД.

Во иницијативата „мини Шенген“, за слободен проток на стоки и услуги, се вклучени Македонија, Србија и Албанија.

XS
SM
MD
LG