Достапни линкови

Ракетирана американска база во Авганистан


Илустрација - Припадник на Авганистанската армија на контролен пункт кај затворот Баграм, во кој се наоѓаат најголемиот дел од талибанските затвореници

Пет ракети утрово погодија американска база во Авганистан, соопштија двајца претставници на американските сили. Во нападот, за кој одговорноста ја презеде терористичката Исламска држава, нема жртви, пренесе АП.

„Пет ракети се истрелани на базата Баграм ова утро“, соопшти претставникот на мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

Нападот се случи откако авганистанската Влада ги ослободи талибанските затвореници од затворот близу Баграм, како дел од мировниот договор склучен со САД. Сепак завчера, талибанците ги прекинаа разговорите со авганистанската влада за размена на затвореници, што претставува главен чекор во мировните преговори кои се водат со посредство на САД.

XS
SM
MD
LG