Достапни линкови

Ракетен напад врз Зелената зона во Багдад


Амбасадата на САД е само една од странските дипломатски претставништва во багдадската Зелена зона.

Ирачката армија соопшти дек двe ракети денеска ја погодиле Зелената зона во Багдад, пренесе новинската агенција АП. Се претпоставува дека можна мета на нападот била и Амбасадата на САД, која се наоѓа на стотина метри јужно од каде паднале ракетите.

Ова е 26-ти ракетен напад врз багдадската Зелена зона од октомври до сега. Се уште никој не презеде одговорност за нападот. Во Зелената зона во Багдад лоцирани се голем број амбасади и владини објекти.

XS
SM
MD
LG