Достапни линкови

Разгледници од потенцијално загрозеното Охридско езеро

УНЕСКО му даде рок на Охрид до февруари идната година да ги спроведат препораките за заштита на природните богатства.

„Власта до 1 февруари 2020 да поднесе до Комитетот за светско наследство нов извештај за зачувување на имотот, за испитување од Комитетот за светско наследство на 44-та сесија во 2020 година, со можност, во случај да се утврди опасност на неговата унверзална вредност, да се вметне во листата на Светско наследство во опасност“, стои во одлуката од 43-та сесија на УНЕСКО, чие барање е мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на Охридското Езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација.


XS
SM
MD
LG