Достапни линкови

Приведени 30 лица за непочитување на полицискиот час


Илустрација - Полициски час во Прилеп

Во последното деноноќие биле регистрирани 38 лица кои не го почитувале полицискиот час, 30 од нив биле приведени, а за осуммина ќе следуваат соодветни мерки. Од МВР информираат и дека полицијата регистрирала и 81 прекршок по однос на мерката за неносење лична заштита.

„За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 210 лица им се издадени решенија за изолација, а седум лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што едно лице не ја почитувало мерката за изолација и самоизолација“, соопшти МВР.

XS
SM
MD
LG