Достапни линкови

По 125 години затвор за обвинетите за смртта на детето Ајлан Курди


Турската полиција во Адана осуди три лица на по 125 години затвор за потонувањето на гумениот чамец, по што на 2 септември 2015 година животот го загуби и тригодишното дете од Сирија, Ајлан Курди, чие безживотно тело беше пронајдено на плажата, пренсе ДПА. Снимката со починатото дете на плажата, што ја потресе целата светска јавност, беше една од најгледаните таа година.

Кривичниот суд во Бодрум, во кој се води судењето за тој случај, ги осуди обвинетите за петкратно убиство и за организирање на криумчарење на мигранти. Претходно биле уапсени двајца сириски државјани, кои се осудени на затворски казни од по 50 месеци. Осудени се за помагање во криумчарење на мигрантите.

XS
SM
MD
LG