Достапни линкови

Почна собраниската расправа за дополнетиот предлог-буџет за 2020


Прес-конференција на претседателот на Архивска фотографија: Премиерот Зоран Заев и министерката за финансии, Нина Ангеловска го презентираа Буџетот за 2020

Собранието ја почна расправата по Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година. Дополнетиот предлог ги содржи 12-те прифатени амандмани во текот на расправата во Комисијата за финансирање и буџет. Пред пратениците предлогот го образложи министерката за финансии Нина Ангеловска. За мнозинството буџетот за следната година е развоен, со фокус на човечкиот капитал и со средства насочени кон проекти од програмата и интересите на граѓаните. За опозицијата е социјален, популистички и служи за предизборен поткуп на гласачите.

Приходите во Предлог-буџетот за 2020 година се проектирани на 3,6 милијарди евра, што претставува раст од 5,6 отсто споредено со оваа година. Кај расходната страна на буџетот планиран е раст од пет отсто во однос на минатата година со што вкупните расходи изнесуваат 3,9 милијарди евра.

Расправата по буџетот согласно собранискиот Деловник треба да трае најмногу пет работни дена.

XS
SM
MD
LG