Достапни линкови

Почна лидерската средба кај претседателот Пендаровски


Кај претседателот на државата, Стево Пендаровски, почна лидерската средба на која треба да се дискутира за терминот на одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа закажани на 12 април, но беа одложени со уредба на Владата поради прогласувањето вонредна состојба и ширењето на ковид-19, како и за состојбата со коронавирусот од што зависи одржувањето на изборите и евентуалното продолжување на вонредната состојба.

На средбата кај Пендаровски учествуваат лидерите на СДСМ - Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ - Христијан Мицкоски, на Алијанса за Албанците – Зиадин Села, Алтернатива – Африм Гаши, Движење Беса – Билал Касами и на ДПА – Мендух Тачи. Поканети се и техничкиот премиер Оливер Спасовски и собранискиот спикер Талат Џафери.

XS
SM
MD
LG