Достапни линкови

Полицискиот час не го почитувале 242 лица, 95 приведени


Полициски час во Скопје

Според статистиките на МВР, во текот на изминатите 24 часа, на ниво на цела држава, 242 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 95 лица, опоменати се 37, а за останатите се изготвени записници.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 112 лица потпишале изјави за самоизолација. При извршените полициски контроли над лица во изолација и самоизолација, едно лице не било затекнато во својот дом.

XS
SM
MD
LG