Достапни линкови

Полицискиот час го прекршиле 66 лица, 45 приведени


Во текот на изминатото деноноќие (22/23.04) 66 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.

За истиот период, на 116 лица им се издадени решенија за изолација, а 35 лица потпишале изјави за самоизолација. Полицијата извршила повеќе контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека две лица не ја почитувале мерката за самоизолација.

XS
SM
MD
LG