Достапни линкови

Полицискиот час го прекршиле 117 лица, 89 приведени


Илустрација - Викенд полициски час во Скопје

МВР информира дека изминатото деноноќие во државава 117 лица не ја почитувале забраната за движење. Од нив, 89 се приведени, а за останатите ќе следуваат соодветни казни. Полицијата на 135 лица им издала решенија за изолација, а 53 лица потпишале изјави за самоизолација.

При извршени контроли кај лица во изолација и самоизолација, регистрирано е дека три лица не ја почитувале мерката, соопшти МВР.

XS
SM
MD
LG