Достапни линкови

Политичари од власта и Рекет - што пишуваат медиумите


Камери, сниматели пред Алепациски суд во Скопје

Во електронските изданија на печатените медиуми доминира веста дека и политичари од владејачката партија се повикуваат да даваат искази во државото Обвинителство во врска со истрагата за случајот Рекет што сè уште ја тресе домашната јавност.

„Истрагата за Рекет не ја одмина Бихаќка“ пишува во наслов Независен, дополнувајќи дека Фросина Ременски, потпретседателка на Собранието и доскорешна потпретседателка на СДСМ е меѓу првите претставници на политичкиот врв што се повикани да дадат исказ во врска со истрагата за Рекет.

Нова Македонија во наслов објави дека „Ременски не откри дали е повикана како осомничена или како сведок“. Сите портали објавуваат дека за давање исказ во Јавното обвинителство е повикан и Александар Кирацовски, по пратеничката Ременски, бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски и водителката Лила Филиповска.

Независен и Слободен печат информираат дека „Пратениците зад затворена врата ќе рашаваат за Јанева“ и дека барањето на претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски до Советот на јавни обвинители извештајот да се декласифицира е одбиен затоа што ОЈО сè уште води истражна постапка за актуелниот предмет против Катица Јанева. Исто така сите портали објавија дека Јанева од притворот во затворот Шутка испратила писмо до обвинителите на СЈО сите предмети да ги префрлат во Државното обвинителство. Независен ова го објавува на насловната, но со прашалник: „’Специјалните‘ ќе гонат од ’Обичното‘ обвинителство?“

Вечер ја објавува реакцијата на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски на својот ФБ профил: „Катица не може од притвор да издава наредби“ и дека бара оставка од директорот на Истражниот затвор, Есад Рахиќ, доколку „спротивно на правилата ја овозможил оваа комуникација“. Нова Македонија објави мислења на правници: „Спорно е Јанева да дава наредби додека е во притвор“, но и изјавата на обвинителката Фатиме Фетаи по писмото од Јанева: „Важно е виновните да одговараат, а не кој ќе ги гони“. Вечер го пренесува текстот на Радио Слободна Европа на оваа тема, но со свој наслов: „Врската со власта не е прекината – Што сака да постигне Катица со писмото од Шутка – Заборава каде се наоѓа“. Насловот на текстот на РСЕ гласи: „Писмото на Јанева ќе ги измести преговорите за СЈО“.

Вечер и Нова Македонија информираат за конститутивната седница на Советот за безбедност, тело под надлежност на претседателот на државата, пренесувајќи ја изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека „ова е прва седница на Советот за безбедност по цели три години, тело што е уставна категорија и исклучително важен орган, но поради немањето политичка волја беше маргинализирано и заборавено“. На седницата бил поканет и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но тој не дошол. Одговарајќи на новинарско прашање, претседателот Пендаровски изјавил: „Советот не е приватна институција каде што се расправа за приватни и партиски работи“,

XS
SM
MD
LG