Достапни линкови

Пиштоли и млеко во прав – Што носат жените што бегаат од ИСИС


Жена-војник од Сириските демократски сили претресува бегалка од ИСИС
Жена-војник од Сириските демократски сили претресува бегалка од ИСИС

Војниците што ги претресуваат жените што бегаат од последното упориште на ИСИС во Сирија велат дека тие често, под црните превези со кои целосно се покриени, носат оружје и злато.

Пиштоли, лаптопи, златници и бебе-формула: Ова е дел од тоа што го наоѓаат сириски борци при претресот на жените кои бегаат од урнатините на џихадистичкиот „калифат“.

Беспомошните жени доаѓаат до контролниот пункт на Сириските демократски сили(СДФ), кои имаат поддршка од САД, на околу 20 километри северно од последното упориште на Исламската држава во селото Багхоуз во близина на ирачката граница.

Тие се покриени од глава до петици, но носат оружје под облеката, во торбите или меѓу скромниот детски багаж, вели 18-годишниот Навал Кобани, борец на Сириските демократски сили.

„Мажите не носат ништо, овие работи ги наоѓаме само кај жени“, вели русокосиот борец со зелени очи за новинската агенција Франс прес.

Сириските демократски сили во понеделникот евакуираа над 46 камиони до луѓе од последното упориште на ИСИС. Претходно, минатата недела, беа евакуирани 5000 мажи, жени и деца.

СДФ велат дека се обидуваат да ги евакуираат цивилите од џебот на ИСИС пред конечниот притисок за уништување на џихадистите кои сега се притиснати на половина квадратен километар во Багхоуз.

Нема фотографии или предмети за спомен

Последните евакуирани лица со правлива облека пристигнаа во скрининг-центарот на СДФ во понеделникот на зајдисонце. Целосно облечени во црно, групата жени се собраа во круг на карпестиот, сушен терен, чекајќи да добијат храна. Дел од жените им даваат шишенца млеко на нивните деца, некои деца одат околу насобраните жени, барајќи си ги мајките, а некои само седат во тишина, очигледно сè уште во шок.

Абир Мухамед, 35-годишна Сиријка по потекло од Алепо, која беше евакуирана, од торбата вади пластична кутија со остатоци од млеко во прав, велејќи дека не им останало ништо.

„Не понесов ништо, освен нешто облека и малку млеко за детето“, вели жената целосно со целосно прекриено лице со никаб.

Црната облека со која се целосно покриени го отежнуваат распознавањето.

Друга Сиријка од Алепо, која не сакаше да го каже името, вели дека немаат ни фотографии, ни нешто за сеќавање.

„Не понесовме ништо освен облеката“, вели таа.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека околу 50 илјади луѓе, главно жени и деца, излегоа од опколеното село Багхауз од почетокот на декември.

Тие што избегаа први носеа големи куфери и постелнина, а некои жени носеа златни нараквици, но последните групи немаат ништо повеќе од мали ранци.

За разлика од жените кои имаат серија прашања и барања за храна или вода кога ќе стигнат до контролниот пункт, мажите речиси и да не изустуваат збор и само тивко седат на земја. Ниту разговараат меѓу себе, ниту прашуваат нешто.

„Мажите не може да бараат ништо. Тие веќе се предадоа“, вели Мазлум, 29-годишен борец на СДФ.

XS
SM
MD
LG