Достапни линкови

Пентагон го потврди падот на американски воен авион во Авганистан


Американското Министерство за одбрана вечерва потврди дека во источен Авганистан денеска се урнал американски воен авион.

„Американски бомбардер Е-11А се урна денеска во провинцијата Газни во Авганистан“, изјави портпаролот на американските вооружени сили во Авганистан, Сони Леџет.

Тој тип на авиони лета како поддршка на извидувачките дронови и има вредна опрема за комуникација.

„Истрагата за причините за несреќата е во тек, а засега нема докази дека авионот бил соборен од непријателски оган“, додаде Леџет.

Талибанските бунтовници денеска соопштија дека авионот им припаѓа на американските сили и дека се урнал во подрачје под нивна контрола.

„Се урна специјален авион со американски окупатори и тоа во провинцијата Газни“, изјави портпаролот на талибанците Забиулах Муџахид и додаде дека сите луѓе во авионот настрадале, пренесе Франс прес.

Асошиејтед прес, повикувајќи се на локалните власти, претходно јави дека се урнал патнички авион на компанијата Ариан Ерлајнс.

XS
SM
MD
LG