Достапни линкови

Пенс не е во карантин, ќе работи во Белата куќа


Американскиот потпретседател Мајк Пенс

Потпретседателот Мајк Пенс се самоизолираше вчера, откако негова помошничка била позитивна на коронатест, но од денеска планира да се врати на работа во Белата куќа, пренесе АП.

Претставник на администрацијата рече дека Пенс доброволно одлучил да одржува физичка дистанца во согласност со насоките од Центрите за контрола и спречување на болести. Тој повеќе пати се тестирал и резултатите биле негативни на Ковид-19, но ги следел советите на медицинските службеници.

„Потпретседателот Пенс ќе продолжи да ги следи советите на Медицинската единица на Белата куќа и не е во карантин. Покрај тоа, резултатите од тестовите на потпретседателот Пенс беа негативни и планира да биде во Белата куќа“, рече портпаролот Девин О'Мали.

XS
SM
MD
LG