Достапни линкови

Пендаровски свика лидерска средба за одложување на изборите


Претседателот Стево Пендаросвки за утре, во претседателската Вила Водно, свика средба на лидерите на парламентарните политички партии во земјава, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Беса, Алтернатива и Алијанса за Албанците, а поканети се и собранискиот спикер Талат Џафери и техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Како што објави на својот официјален фејсбук профил, Пендаровски лидерската средба ја свикал со една точка на дневниот ред – можност за одложување на парламентарните избори закажани на 12 април 2020, датум кој беше договорен од страна на лидерите на партиите на средбата која се одржа во октомври 2019 година по Европскиот совет.

Претходно лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ изјавија дека во интерес на здравјето на граѓаните во ситуацијата што ја имеме со коронавирусот, бараат одложување на изборите закажани за 12 април.

За попладне во 16 часот, кај претседателот Пендаровски, е закажана и седница на Советот за безбедност поради ситуацијата со коронавирусот.

XS
SM
MD
LG