Достапни линкови

Пекинг го смени шефот на канцеларијата за врски со Хонгконг


Протести против законот за екстрадиција во Хонгконг

Кинеските власти го разрешија високиот офицер за врски со Хонгконг поради постојаните немири кои ги разнишаа односите на овој специјален административен регион со Пекинг.

Шефот на канцеларијата за врски Ванг Жимин ќе биде сменет со Луо Хуининг.

Ова е најголемата промена на кинески функционер задолжен за Хонгконг откако летоска избија големи протести поради предложениот закон за екстрадиција, што доведе до брутално задушување и остри казни за демонстрантите, кои Пекинг ги нарече терористи. Според законот, жителите на Хонгконг може да бидат екстрадирани да им се суди во Кина.

Канцеларијата за врски во изминатите месеци беше обвинета за сериозни грешки во проценката на ситуацијата во Хонгконг, што доведе до тоа Пекинг да биде изненаден од немирите кои избија во јуни, објави Радио-телевизија Хонгконг.

Некои набљудувачи сметаат дека смената на Ванг ќе помогне во ублажувањето на критиките кон главниот извршен функционер во Хонгконг Кери Лам.

Во неколкумесечни протести жителите на Хонгконг бараа поголема демократија во поранешната британска колонија, која ѝ беше вратена на Кина во 1997 година.

XS
SM
MD
LG