Достапни линкови

Осуммина загинати во два напада во Пакистан


Илустрација - Припадник на пакистанските вооружени сили

Еден цивил и седум пакистански војници загинаа во два одвоени терористички напади во Пакистан, соопштија Вооружените сили на Пакистан, пренесе АП.

Првиот напад се случил во областа Мач во Балочистан, каде шест воени лица, меѓу кои и помлад офицер и цивилен возач, биле убиени кога нивното патролно возило било погодено од импровизирана експлозивна направа.

Вториот напад се случил во областа Кеч во Балочистан, при што еден војник загинал во престрелка со милитантите.

Препорачано

XS
SM
MD
LG